
Јавниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за Дојчевеле вели дека одлуката на Врховниот суд се однесува за жалбите доставени во делот на истрагата.
Новите мерки се побарани откако Обвинителството и официјално подигна 30 обвиненија за случајот „27-ми април“.
– „Обвинителството смета дека постојат основи за притвор. За секоја од побараните мерки за обезбедување има поединечни околности кои се ценат – дали лицата се вработени, семејно-материјалната состојба, нивни релации со роднини во странство…“, вели Јовески.
Тој потенцира дека Обинителството располага со доволен број докази да го докаже ова обвинение пред Судот.