Владата со едностраното раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ Општина Валандово, Општина Богданци и Општина Дојран број 24-64/9 од 27.02.2015 година ќе заработи тужба од страна на концесионерот Сардич МЦ ДООЕЛ во висина од 380 милиони евра, пишува Економски.мк
Ваквата одлука на Владата доаѓа откако комисја ангажирана од страна на Владата утврдила дека концесионерот не ги исполнил обврските од членот 13, според кој, концесионерот се обврзал „во рок од две години да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда.
Овој услов е суштинска состојка на договорот, бидејќи е даден во јавниот повик. Ако не постоел овој услов, можеби ќе се јавеле уште концесионери“ ваков беше одговорот на премиерот Заев на новинарско прашање околу оштетата што евентуално би ја платила Република Македонија доколку го изгуби овој спор.
Но или премиерот Заев не е доволно информиран или се прави дека не знае. Во повикот за концесија за овој рудник не постои ваков услов. Тој е дополнително одреден во преговорите помеѓу Владата и концесионерот но не се предвидува казна доколку не се спроведе ова. Единствено во договорот помеѓу Владата и концесионерот и според Законот за минерални суровини стои дека Казандол треба да биде изграден во рок од 4 години. Од она што е познато градежните работи во овој рудник во овој момент се на самиот крај.
Во досегашното работење на концесионерот од надлежните државни институции на Република Македонија никогаш не е утврдена ниту една неправилност, ниту е утврдено дека некоја договорна или законска обврска или норма не е исполнета или прекршена што на нас како држава не ни оди во прилог во идното судење пред арбитражниот суд во Вашингтон.
Eкспертите кои се запознаени со оваа проблематика велат дека Република Македонија сигурно ќе го изгуби овој спор пред арбитражниот суд во Вашингтон.
извор: Економски.мк