
Руското министертво за надвореши работи сугерираше во средата дека британската држава го извела нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија на југот од Англија на почетокот на март за што Западот започна со протерување на руските дипломати.
„Анализата на сите околности ја открива незаинтересираноста на британските власти за пронаоѓање на вистинските мотиви и сторители на злосторството“, соопшти во писмена изјава руското министерство за надворешни работи.
„Тоа не’ доведува до помислата за можната вмешаност (во ова злосторство) на британските специјални служби“, се додава во соопштението.
Поранешниот руско-британски шпион 66-годишниот Сергеј Скрипал, осуден во Русија за предавство и продажба на државни тајни на Велика Британија во 2006 година и потоа во 2010 година разменет за руски државјани обвинети во САД, и неговата 33-годишна ќерка Јулија се’ уште се во критична но стабилна состојба. Тие на 4-ти март без свест беа пронајдени на клупа пред трговски центар во јужнот англиски град Солсбери.
„Британските власти систематки покажуваат неспособност да ја обезбедуваат безбедноста на руските државјани на нивната (британска) територија“, се додава во изјавата на руската дипломатија.
„Очигледни примери се и и труењето на поранешниот руски службеник на ФСБ, Александр Литвиненко, смрта на руските бизнисмен Б. Патарацшвили и А. Перепилихни под неразјаснето околности, мистериозното ’самоубиство’ Б. Березовки и давењето на неговиот деловен партнер Н. Глушков и, конечно, нападот на животот и здравјето на С.Скрипал и Ј. Скрипал“, се наведува во изјавата.
Лондон тврди дека Скрипал се нападнати со нервен агенс произведуван во советско време и ја обвини Русија како „многу веројатен“ извор на нападот, иако не приложи докази за нападот. Москва, пак, возврати дека агенсот бил развиван и во Велика Британија, Шведска, Чешка, Словачка и САД/
Западните земки координирано протераа стотина руски дипломати заради овој случај, што може да доведе до „ситуација на Студена вокна“, предупреди рускиот амбасасадор во Австралија, Григориј Логвинов