
Четири авиони на срското воено воздухопловство предизвикале вистинска паника денеска во Прешево, откако дваесетина минути го надлетувале јужниот дел на Србија.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Србија, Јован Кривокапиќ, изјави дека пилотите летале во редовни летачки активности подготвувајќи се за тактичката вежба со боево гаѓање „Содејство 2018″, која е планирана за четврток.
https://www.facebook.com/shaliti/videos/10156264710607498/?t=9
Претходно, албанските медиуми објавија дека српските авиони летале над Прешево и дека тоа предизвикало „конфузија меѓу локалното население“.
Порталот „Лајми.нет“ ја пренеле изјавата на претседателот на Општина Прешево, Шќиприм Арифи, кој истакнал дека авионите го прелетале воздушниот простор на административниот премин меѓу Косово и Србија.
Претходно и КФОР соопшти дека ги врши потребните проверки и ја надгледува состојбата и го повика населението на Прешево да останат смирени бидејќи не постои закана.