Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, рекол дека Србија нема да се приклучи кон мерките против Русија, бидејќи Русите никогаш не биле против Србија и ќе им вратат во иста мера.
„Најверојатно ќе вршат притисок и врз нас, но ние нема да ги расипеме односите со Русија“, рекол Дачиќ.
Тој рекол дека ги Србија го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на секоја земја членка на Обединетите нации, но од друга страна, сигурно нема да се приклучи кон мерките против Русија.