Управата на германскиот кошаркарски клуб „Баерн“ го отпушти тренерот Александар Ѓорѓевиќ, откако Баварците беа елиминирани во полуфиналето од Еврокупот во дуелот со турскиот „Дарушафака“, а потоа и пораз во домашното првенство, иако само втор сезонава, од „Алба“ во Минхен со 72:91.
Местото на Ѓорѓевиќ ќе го преземе неговиот заменик, Емир Мутапчиќ додека клубот не најде нов тренер.
-По многу размислување, сфативме дека на тимот му е потребен нов поттик и нов пристап од страна на раководството. Го направивме овој потег, кој, бидејќи сме лидери во Бундеслигата, може да биде збунувачки, но кон оваа тешка одлука прибегнавме поради нашите нови, посериозни амбиции. На Саша Ѓорѓевиќ цел „Баерн“ му се заблагодарува на неговата посветеност и постигнатите резултати. Ние му посакувам се најдобро- рече извршниот директор на клубот, Марко Пешиќ.
Ѓорѓевиќ, које селектор на репрезентацијата на Србија дојде во Минхен пред почетокот на сезоната 2016/2017 откако ги водеше италијанските „Армани“ и „Бенетон“, како и грчки „Панатинаикос“.