
Управата за јавни приходи при враќање на парите за радиодифузна такса им наплаќала на граѓаните 300 денари за образец што треба да го пополнат за да им бидат вратени 290 денари, посочи Народниот правобранител, Иџет Мемети.
Презентирајќи го својот годишен извештај, Мемети истакна дека се поприсутна е селективна правда, партизирана и непрофесионална администрација на централно, а особено на локално ниво. Ова, рече, е сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните.
Во текот на 2018 Мемети, работел на 4.185 преставки, при што биле констатирани 1.137 повреди на човековите слободи и права. За 970 случаи оној што ја направил повредата ги прифатил забелешките на Народниот правобранител, за 104 постапката е во тек, а во 63 случаи и по сите преземени дејства препораките и забелешките не се прифатени.