
Шефовите на македонската и грчката дипломатија Никола Димитров и Никос Коѕијас вечерва се на работна вечера во Виена, во пресрет на утрешата средба со медијаторот Нимиц.
Како што пишува порталот Сакам да кажам, Димитров и Коѕијас вечерва се на вечера во познатиот виенски ресторан „Соле“, кој е во сопственост на Аки Нуредини, познат виенчанец родум од Камењане, Тетовско. Ресторанот на Аки во близина на Операта во Виена е неформално место за дружење на светските оперски ѕвезди и на виенскиот џет сет, како и на австриски политичари и дипломати. Самиот Нуредини пак во Виена е познат како неформален амбасадор на Македонија бидејќи неговиот ресторан е сврталиште на македонски политичари, бизнисмени, уметници и добронамерници кои го посетуваат австрискиот главен град, пишува Сакам да кажам.
Разговорите на двајцата министри ќе се фокусираат на следните чекори во рамките на дијалогот за решавање на нерешените билатерални прашања.