
Сигналите од Индискиот океан, како што се верува, на исчезнатиот малезиски авион МХ 370 „забрзано ослабнуваат“ и пронаоѓање на авионот во кој што има 239 патници и членови на екипажот ќе биде „огромна задача“, рекол австралискиот премиер, Тони Абот, пренесува британски „Би- Би-Си“.
Абот, кој е во посета на Кина, навел дека е убеден дека сигналите кои што ги забележале тимовите за потрага, се од црните кутии на авионот, кој што исчезна на осми март.
Но, ниту еден сигнал не е фатен во зоната на потрагата.
„Никој не би требало да ги потценуваат тешкотиите на задачата, која што и понатаму е пред нас“, рекол Абот.