
Бразилецот Нејмар би требало да се врати на терените до крајот на април, информираат медиумите во Франција. Големата ѕвезда на ПСЖ, заработи тешка повреда во натпреварот против „Марсеј“ пред еден месец и не настапи во реваншот против „Реал“ во лигата на Шампионите.
На Бразилецот му беше извршен оперативен зафат по што фудбалерот моментално е на рехабилитација во Бразил.
Лекарите работат на неговото закрепнување за да може да го доигра финишот на сезоната во француското првенство, за да може да влезе во форма и да учествува на СП во Русија.
Во оваа сезона, Нејмар има 30 клупски натпревари и 29 постигнати голови, како и 3 асистенции.