
Затвореник во кумановскиот затвор вчера се обидел да се самоубие, информираше МВР.
Случајот во полиција го пријавил околу 16.30 часот, Б.П. вработен како надзорник во Казнено поправната установа „Затвор Куманово“ во село Кшиње.
Според него, лицето А.И. (22) од Свети Николе, се обидел да се самоубие така што во тоалетот, кој се наоѓал позади кујната на затворот, со нож си нанел убодна рана во пределот на стомакот и рана во задната лева страна од вратот.
Повредениот затвореник бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.