Ограбени два стана во центарот на Скопје

Крадец провалил во зграда во центарот на Скопје и ограбил два стана, информираше МВР.

Според полицијата, кражбата се случила во зграда на улицата Свети Кирил и Методиј во периодот меѓу 8 и 16.30 часот. Кога дошол дома, Г.Ј. (41) видел дека е ограбен и се јавил во ПС Центар.
Од истрагата било утврдено дека крадецот ја провали заедничката влезна врата од ходникот преку кој се доаѓало до станот на Г.Ј. и до станот на Л.Ш., кој исто така бил ограбен.
Провалникот потоа насилно ја отворил влезната врата од станот на Г.Ј., влегол внатре и зел околу 500 евра и разновиден златен накит вреден околу 90.000 денари. Откако го напуштил станот, крадецот провалил и кај соседот од каде украл околу 12.000 евра и златен женски часовник вреден 1.000 евра по што избегал.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.