Клинцевич: Разузнавачките авиони на руските граници се подготовка за војна

Зголемувањето на активностите на странските разузнавачки служби на руските граници делува како подготовка за воени дејствија, изјави за радиото НСН, членот на горниот дом на рускиот парламент, Франц Клинцевич.

Министерството за одбрана на Русија забележало зголемена активност на странските разузнавачки служби на руските граници, и според податоците само минатата седмица биле регистрирани прелети на 23 разузнавачки авиони, откако претходната седмица биле регистрирани 16 разузнавачки воздухопловни апарати.

„Кога 23 разузнавачки авиони постојано дежураат во различни дијапазани со различни капацитети на границите на Руската Федерација во заднината на разгорената русофобија и наводната агресивниот карактер на Русика, секако, нашата војска јасно ја проценува дека таквите активности се непријателски и агресивни. Како подготовка за какви било конректни воени дејствија“, вели рускиот сенатор.

Притоа Климцевич предупредува дека Русија секогаш е подготвена да одговори на какви и да се напади.

„Факт е дека се активираат воените разузнавачи, се прават анализи. Постојано се активни, што предизвикува загриженост. Мислам дека не случајно воените претставници зборуваат за тоа. Се разбира, денес е невозможно нешто да се сокрие и сакам само да порачам дека ние немаме полоши средства и оти го регистрираме сето тоа. И во 1941-та не попуштивме, ние секогаш сме подготвени“, заклучи Клинцевич

Од министерството за одбрана на Русија, пак, соопштуваат дека и покрај зголемената активност на странските разузнавачки служби, не се забележани нарушувања на рускиот воздушен простор.