Порторико повикува туристи да и помогнат во обнова на земјата

Порторико повикува туристи  да помогнат во акцијата за заживување и реконструкција на земјата. Поминаа шест месеци откако ураганот Марија го опустоши Порторико, а притоа од сите индустриски гранки најмногу настрада туризмот.

Благодарение на напорната работа на локалното население оваа земја се врати или е многу близу до состојбата пред ураганот.

За реконструкција на некои од најпопуларните атракции на островот основана е програмата „Meaningful Travel” преку која се канат сите туристи, но и Порториканци кои се раселени да помогнат.

– Реалноста е дека доживеавме еден од најтрагичните настани во нашата понова историја, а тоа значи дека обновувањето беше многу исцрпувачки. Но, животот во Порторико полека се враќа во нормала и на нашите граѓани ќе им биде мило туризмот повторно да заживее. Порториканците се одлични домаќини  – вели Карла Кампос, извршен директор на Туристичката организација на Порторико.