
Скопјанец останал без својот автомобил, кој му бил украден од пред авто-сервисот каде бил на поправка, инфомрираше МВР.
Според Н.К. (39), кражбата се случила ноќта меѓу средата и четвртокот на улицата Мирче Мацан.
Неговиот автомобил „рено клио“, бил паркиран пред автосервис каде било оставено за поправка во понеделникот. Возилото било оставено со клучеви од бравата па крадецот без проблем го стартувал „реното“ и избегал.
Сопственикот пријавил штета од 120.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.