
Две лица попладнето во саботата се убиени во пукање во центарот на Подгорица, пренесуваат црногорските медиуми.
Според инфромациите, засега непознато маскирано лице пукало во 42-годишниот Радивое Јовановиќ и 31-годишниот Милош Шаковиќ.
Како што неофицијално пренесува Вијести, двајцата пред да се случи пукањето, седеле на различни маси во кафулето „Форум“ во центарот на градот.
Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На местото на настанот се полициски екипи и форензичари, а центарот на градот е блокиран.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, најверојатно се работи за пресметка меѓу мафијашки кланови.