Две вооружени лица вечерва околу 22 часот го ограбиле казиното „Астра“ во Лептокарија, велат за НетПрес очевидци на инцидентот, според кои едниот од напаѓачите бил вооружен со автомат „калашников“.
Очевидци на грабежот кој предизвикал голема вознемиреност кај жителите во споменатата скопска населба, влеат дека вооружените крадци биле облечени во бела облека. Сѐ уште не е позната сумата дали и колку пари се одземени од казиното.
Жителите на овој дел од Скопје велат дека сѐ почесто се сведоци на разни криминали и тешки нарушувања на јавниот ред и мир. Велат дека на територијата на општината Карпош се чувствуваат сѐ понебезбедно. Најмногу се жалат на кражби од возила и на џепчии кои често „оперираат“ во овој дел од главниот рад, а зачестени се и кражби од домови.
Казината, исто така, стануваат сѐ почеста цел на вооружени криминалци, и од почетокот на годинава регистирани се најмалку пет вакви инциденти.