Барса се извлече од пораз кај Севилја

Во 30-то коло од шпанското фудбалско првенство Севилја иако имаше сигурна предност против во моментов водечката екипа не успеа на крајот на Барселона да ѝ го нанесе првиот првенствен пораз сезонава.

Севилја поведе во 36 минута со голот на Франк Васкез, а на 2:0 зголеми Луис Муриел во 50 минута. Лионел Меси, кој поради повреда не играше за Аргентина во двата пријателски натпревара, беше на клупата за резерви а во игра влезе во 58 минута при убедливото водство на домашните. Севилја во тој период имаше низа шанси, но не успеа да реализира ниедна, а потоа за само две минути откако во 87 минута Иван Ракитиќ ја погоди стативата, Луис Суарез во 88 и Лионел Меси во 89 минута ја спасија Барселона од првиот пораз сезонава во Ла Лига.

Реал Мадрид претходно во саботата со 3:0 го совлада на гостувањето Лас Палмас, преку двата пенала кои ги реализираа Герет Бејл во 39 и Карим Бензема во 51 минута. Резултатот го отвори Бејл во 26 минута.

Атлетик Билбао со голот на Нуњез во 55 минута имаше три бода на контото до 90 минута кога се спасуваше од пораз, откако прво Мендез израмни а потоа напаѓачите на Селта Виго ја погодија стативата и во судиското продолжение имаа уште две шанси да дојдат до целиот плен.

Со идентичен резултата заврши и дуелот на Гирона, за која стрелаше прецизно Ногуе во 54 минута, со Леванте за која стрелец во 68 минута Моралес.