На прашањето дали побарал од премиерот Зоран Заев амнестија за осомничените за настаните на 27-ми април во Собранието за возврат на присуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието при носењето ткн реформски закони, Мицкоски одговори дека се’ уште не зборувал за такво нешто, но дека не би било лошо премиерот да ја послуша ваквата сугестија која јавно ја искажа потпретседателот на неговата партија, Александар Николоски.
„Јас тоа го гледам во насока на една сугестија до политичар кој е во жива песок и тоне од ден на ден се’ повеќе и повеќе. Мислам дека е добро да го послуша советот на потпретседателот Николоски, но тој е претседател на владата и на владејачката СДСМ…“, порача Мицкоски.
„Во тој период бев дел од извршниот одбор на партијата и истовремено генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост Електрани на Македонијав и главно тој ден го минував на релацијата меѓу партискиот штаб и мојата анцеларија во АД ЕЛЕМ. Кога видов дека се случива тоа што се случуваше, се упегтив кон Собранието, не влегов внатре, туку останав надвор пред Собранието со народот. Откако заврши работниот ден се упатив кон партискиот штаб“, одговори Мицкоски на прашањето за неговата активност на споменатиот датум кога се случија безредијата во парламентот.
На, како што оцени новинарката, реакциите на социјалните мрежи за наводно „млаките реакции“ на ВМРО-ДПМНЕ за обавиненијата за 27-ми април, за разгворите за името и Законот за јазиците, Мицскоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ е „внимателна во реакциите на активностите на владејачкото мнозинство.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде алиби за туѓи неуспеси или, пак, да биде политички апологет на туѓи решенија. ВМРО-ДПМНЕ нема да спасува политиќки кариери на маргиналци и егзибиционисти… Емотивни реакции од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат“, прецизираше Мицкоски.