
Полицијата го разрешила убиството на активистот на СДСМ, Исмет Арифи- Кока од скопско Блаце, но поради „мир во куќата“ и соработката со ДУИ случајот се држи заклучен во фиока, дознава „Нетпрес“.
На тој начин се потврдија сомнежите на албанските активисти во СДСМ, кои веднаш по убиството посочија кон структиурите на ДУИ како егзекутури на Арифи, кој бил силен критичар на партијата на Али Ахмети.
„Нетпрес“ побара одговор од Основното јавно обвинитлество до каде е истрагата за случајот, но од таму велат дека се уште се вршат полициски дејствија.
-Основното јавно обвинителство Скопје за овој настан од МВР има добиено писмено известување. Надлежен јавен обвинител веднаш издаде наредби и насоки за расветлување на настанот. Обезбедени се сите видео записи и во моментов се вршат полициски дејствија. До овој момент не е пронајден осомничен, сторител на кривичното дело. Од тие причини, во ОЈО Скопје од страна на МВР не е доставена кривична пријава против конкретен сторител- велат од обвинителството.
Извори од истрагата за „Нетпрес“ велат дека инспекторите ја завршиле работата и ја расветлиле позадината на убиството, како и лицата кои се инволвирани во егзекуцијата на Арифи, но надредените старешини го закочиле случајот.
Арифи бил убиен на 24 ноември 2017 година околу 22.30 часот на улицата Лазо Трповски, во непосредна близина на чајџилницата „Диселдорф“ каде убиениот седел заедно со Ќемал Лусијани (52). Откако ја напуштиле чајџилницата, влегле во автомобил „фолксваген пасат“, сопственост на лицето М.С., а Арифи седнал зад воланот, а Лусијани на совозачкото место. Тие го стартувале возилото и почнале да се движат кон улицата Втора Македонска Бригада. Тогаш убиецот од непосредна близина, од страната на Арифи со пиштол испукал повеќе куршуми кон него. Арифи починал на самото место, а еден куршум го погодил Лусијани во рамото.
Дека зад егзекуцијата на Арифи стои ДУИ се шпекулираше веднаш по убиството, но полицијата официјално не го откри мотивот за злосторството. Четири месеци по убиството голем дел од Албанците кои се приклучија на СДСМ пред парламентарните и локалните избори, се чувствуваат изневерени од челниците на партијата на Зоран Заев. Примерот на Арифи е само еден од многуте. Тие велат дека откако СДСМ се зближи со ДУИ и почнале да тераат заеднички бизниси, сега веќе ги заборавиле и се дистанцираат од своите активисти Албанци, без чија помош не би можела ни да сонуваат да дојде на власт.
Нивните сомнежи наводно се дека пречките доаѓаат од страна на структурите на ДУИ во МВР, за кои Арифи беше трн во око додека беше жив, и јавно ги критикиуваше по социјалните мрежи. Според нив, на МВР, на чело со Оливер Спасовски од СДСМ, сега им е побитен интересот на ДУИ, отколку расветлувњето на убиството на бившиот нивен член, иако Арифи бил многу близок со високи функционери на партијата на Заев.
Неофицијално, оние што го познавале Арифи, веруваат дека позадината на ова убиство може да лежи на неговиот последен напишан статус на „Фејсбук“, против Ејуп Халими од ДУИ.
„Еве и јас да реагирам. Агим Мусшабанај. За Ејуп Халими .. Ејуп Зошто ги предаде другарите на идеалот? Зошто некои пријатели се уште стојат позади тебе или им имаш вметнато страв заедно со Груевски? Зошто некои наши другари од УЧК се во затвор или затоа што не те подржуваа повеќе тебе Ејупе? Зошто некои други не смеат да дојдат во Илирида? Ти и Али ги ставивте во затвор само затоа што не се подржуваши на ДУИ ….. Ејуп синоќа добив повик од една личност. Со името Х. ти го знаеш, некои наши другари го познаваат тоа лице… И ми рече: Ејуп ме предаде. Го прашав како те предаде Ејуп. Ми рече Ејуп ми ја зеде вереницата со која бев верен една година, и скоро секој ден седев со Ејуп и вереницата која сега е негова жена. Јас не му поверував, но кога прашав некои заеднички пријатели ми кажаа дека тоа е вистина. Му ја зеде вереницата. А вереницата е ќерка на поранешниот претседател на В. С.Д.Со ова открив дека ти Ејупе си предавник. Ејупе кај нас албанците викаат дека човек кој допира до честа, тој е предавник и не може дда му се верува. Така да ти му ја допре честа на твојот другар…И ти Ејуп си антинационален“- напишал Арифи на својот Фејсбук профил пред да биде ликвидиран.