![vmro-dpmne zgrada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/vmro-dpmne-zgrada-3.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, според одлуката која била изгласана на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на Унујата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Наредниот период Кржалоски ќе ја предводи младината на ВМРО-ДПМНЕ.
Досегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, останува во највисокото партиско тело на партијата. Нелоски беше претседател на УМС четири години.
За нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, е изгласана и професорката на правниот факултет Иванка Василевска.