Повторно опожарено возило во Скопје (ФОТО)

После полноќ, околу 1.15 часот, опожарен е автомобил „БМВ 525“ во скопско Ново Село.
Сопственикот Сашо В. вели дека силната експлозија на возилото, што било паркираново дворот на неговата куќа, го разбудило неговото семејство, но и соседството, и дека не може да разбере зошто некој би го направил тоа.

Јас сум службено лице, работам во царина. Не можам да ја сфатам пораката на сето ова и доколку воопшто има некоја порака.

Полицијта утрово извршила увид, а се преземаат и мерки за расветлување на случајот.