(Видео) Вооружен напад во централата на Ју Тјуб, застрелана жената-напаѓач

Непозната жена во црно и со марама на главата влегла во зградата во која се наоѓа централата на Ју тјуб во Сан Бруно, Калифорнија и почнала да пука во вработените, јавууваат тамошните медиуми.

Зградата е под полициска опсада, иако, наводно, жената е пронајдена застрелана еден час по почеттокот на нападот. Се претпоставува дека извршила самоубиство. Полицијата проверува во зградата во која има околу 1.700 лица дали некој од нив можеби соработувал со жената. Во болница се пренесени најмалку четворица, а повредени се повеќе лица.

Присутни се амбулантни возила на местото, а полицијата ги предупредува луѓето да ја избегнуваат областа.