Трамп упорен да ги повлече американските единици од Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп повтори во вторникот дека сака да ги повлече американските воени единици од Сирија и гарантираше дека таквата одлука ќе биде донесена многу наскоро.

„Во поглед на Сирија нашата прва задача беше да се ослободиме од исламистичката групација Исламска држава. Многу брзо во координација со другите во регионот ќе донесеме одлука што да сториме“, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа.

„Сакам нашите единици да ги вратам дома. Сакам да започнам обновување на нашата нација. Време е. Имавме голем успех во борбата против Исламската држава. Воено ќе успееме против кој и да е. Но понекогаш време е за враќање дома. Тоа го мислам многу сериозно“, појаснил Трамп во рамките на средбата со челниците на балтичките земји.

Трамп посебно ја спомнал Саудиска Арабија и рекол дека овој американски сојузник на Блискиот исток еден од главните поддржувачи на воениот бунт против сирискиот претседател Башар ал-Асад во март 2011 година, е многу заинтересирана за американската одлука.

Двајца неименувани високи функционери на американската влада, пак, минатиот петок за Reuters изјавија дека претседателот Трамп им порачал на своите советници оти сака што поскоро повлекување на американската војска од Сирија. Истакнале дека говорот на Трамп е рефлексија од разговорите со неговите советници. Тој, имено го поставува прашањето зошто американските сили би требало да останат во Сирија, сега која милитантите се речиси пред целосен пораз.

Американскиот претседател Доналд Трамп говорејќи минатата седмица на собир во Ричфилд, во сојузната држава Охајо, изјави дека САД во моментов „го гонат духот на Исламската држава во Сирија“ и оти врз основа на победата врз оваа џихадистичка групација може да заминат од таму „многу скоро“, овозможувајќи на „други луѓе да се позанимаваат“ со ситуација во оваа земја. „Многу брзо ние си заминуваме… Ќе ја вратиме нашата држава каде и припаѓање, каде што сакаме да бидеме“, додаде американскиот челник. Трамп ја откри всушност својата желба да ги повлече американските сили од Сирија и да ја предаде безбедноста во оваа земја во раце на регионалните држави.

САД во Сирија имаат околу 2.000 војници, иако аналитичарите сметаат дека е невозможно да се провери оваа бројка и оти најверојатно е поголема, поради тоа што извештаите на Пентагон се многу конзервативни кои се бранат со постојаните прекоманди и замени. Американскиот генерал Џозег Вогел, кој го има надзорот над американските војски на Блискиот исток, како челник на Централната команда, проценува дека повеќе од 90 отсто од територијата која ја држеа џихадистите е вратена од страна на силите кои ги поддржуваат САД.