
Следната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, ќе биде следниот четврток, на 12 април во Охрид.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас се очекува да допатува во Охрид од Белград, во рамки на неговата мала балканска турнеја. Од Охрид , тој ќе замине во Приштина.
Нивната последна средба беше во Виена минатата седмица, а малку претходно Коѕијас беше во Скопје, каде што првпат слета на аеродромот кај Петровец.