ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја носат државата кон економски колапс

ДСМ нема ниту план, ниту визија за Република Македонија. Државата е заробена и стагнира под водство на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

“СДСМ и Зоран Заев ја носат државата кон економски колапс. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев нанесе огромна штета на државата и на економијата во целост. Економската ситуација е влошена. Најавите за покачување на даноците и неспособноста на власта ја намалуваат инвестициската атрактивност на државата. Големите странски инвеститори заради растечката корупција, наместо во Република Македонија се одлучуваат за инвестирање во земјите од регионот. 300 милиони евра, дел од парите со кои СДСМ ги задолжи граѓаните од почетокот на годината до денес, седат во Народната банка на Република Македонија како депозит со 0 отсто камата“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во исто време државата плаќа камата за истите средства кон кредиторите од кои ги позајмиле.

„Оваа безидејност на СДСМ ги чини граѓаните околу 1.5 милиони евра. Растот на БДП во 2017 година е 0 отсто, а економијата секаде во регионот одеше нагоре. Падот на градежништвото е околу 20 проценти, а капиталните инвестиции изнесуваат само 1 процент. Ктастрофа на сите полиња. Со цел да го оттргне вниманието од ваквите катастрофални политики, СДСМ гони политички неистомисленици со конструирани обвиненија. На овој политички прогон мора да му дојде крајот. Судиите мора да го почитуваат Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин без разлика на неговата политичка определба или политички став. Судот мора да ги ослободи од неоснованиот притвор сите политички жртви и да ги отфрли нарачаните обвиненија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ не знае и нема капацитет да ја води државата. Порачуваат дека Република Македонија заслужува подобро и граѓаните заслужуваат подобро.