
Словенија и оваа година очекува раст во туризмот, но се соочува со недостиг од работници во оваа важна економска сфера. На земјата итно и се потребни 5.000 работници, кои планира да ги бара од регионот.
Локалната туристичка индустрија има потреба за готвачи, келнери и општи работници.
Локалните работници се презафатени, синдикатот на работниците во овој сектор долго време се жалеа на ниските плати и високите даноци на вработените.
За четири години, туристите во Словенија пораснаа. Минатата година оваа балканска земја ја посетиле 4,7 милиони туристи, со 11,9 милиони ноќевања.