VIVAX со чекор напред за подобра животна средина

VIVAX клима уредите се препознатливи по своите врвни карактеристики и се одликуваат со квалитетно работење и технолошки компоненти кои овозможуваат напредни функционалности и поради тоа VIVAX повторно ја доби Best Buy наградата и оваа година. За нивна детална презентација беше организиран 11-от VIVAX COOL DAY во Скопје на кој беа претставени најновите технологии на VIVAX климите, нивните карактеристики и новата одлука за поголемо еколошко дејствување.

„Уредите на VIVAX се најпродаваните на пазарот за клими во Македонија. Самото тоа ја докажува довербата која корисниците ја имаат во климите. Секој ден имаме се подобри резултати и тоа покажува дека сме на добар пат и дека се движиме напред. Тоа се должи пред сè на тоа што секој од претставниците има одлична комуникација со централната групација која ги слуша желбите на купувачите и затоа VIVAX константно се развива. Тоа е и една од целите за организирање на VIVAX COOL DAY секоја година и затоа оваа година поради гласот на потрошувачите е одлучено да преземеме чекор кон заштита на животната средина.“, порача Филип Трифуновски од ПАКОМ Компани и претставник на VIVAX во Македонија.

Филип Трифуновски

VIVAX ќе почне со користење на фреон R32 кој според производителот овозможува и до 10% намалување во потрошувачката на електрична енергија и има 78% помало влијание брз глобалното затоплување од неговиот претходник R410. Доколку се направи промена во класичниот фреон во R32 во целиот свет, до 2030 година емисијата на CO2 ќе се намали за 800 милиони тони (19%).

„М САН Групацијата со седиште во Загреб последните неколку години извезува во повеќе од 35 земји. Тоа е огромен потенцијал и голем пазар кој овозможува креирање на подобра корисничка поддршка, а воедно има и сериозно влијание во заштитата на животната средина.“, порача Марко Барун од М САН и претставник на VIVAX од Хрватска.

Водејќи се кон новопоставените цели VIVAX ќе продолжи со развој на својата технологија и создавање на што е можно подобра корисничка поддршка.