ФОТО: СДСМ почнува со алиби за изборниот пораз преку проопозициските портали

Бара ли опозициската СДСМ алиби за нов изборен пораз? Ова прашање се наметнува по пишувањата на порталите, кои што се под нивна контрола.

libertas(1)

Тие известуваат за наводни инциденти само за да ја дефокусираат јавноста, која веќе покажа доволна демократска зрелост достоинствено да излезе и да го даде својот глас.

Она што е исто за вестите кои што кружат на опозициските портали, а финансирани од СОРОС е што се без аргументи и без потврдена релевантност, но имаат голема желба да се стави црна дамка на изборниот процес.

nova tv

Но, фактите зборуваат дека изборите течат мирно, а потврда за тоа дојде и од Државната изборна комисија, како и од невладиниот сектор.

brif(1)

Според ДИК, процесот на гласање насекаде во земјава се одвива мирно и без инциденти, истакнувајќи дека сите гласачки места се навреме отворени и се обезбедени сите услови за одржување фер и демократски избори.

Коалицијата на невладини организации „Излези да гласаш” изелзе со оценка дека изборниот процес тече мирно и достоинствено и во позитивна атмосфера. Оттаму упатија апел до политичките партии за коректни и фер избори без насилство и кршење на законската регулатива во текот на просецот на гласање.