
Во својот најнов статус Душко Илиевски, познат како Душко Млекарот повторно ги прозива СДСМ. Тој вели дека е разочаран од тоа што направило раководството на партијата од истата.
Илиевски истакнува дека тој се борел и завршил во затвор за партијата, а не за богатење на поединци кои вработуваат за пари.
-Ја сакав и секогаш ќе ја сакам партијата ама искрено од срце за разлика од вас, кои ја користите и уништувате за лично богатење./Таа моја искреност, ме донесе до притвори, затвори, долгови кон извршители и какви ли не казни. Се борев си ја жртвував фамилијата мислејќи оти еден ден ќе биде подобро за сите. Дури кога судбината ме донесе овде во Германија, за мене непозната, а сепак ме заштити, за разлика од мојата родна Македонија, сфатив оти сум бил будала.
Бев присутен секогаш, секаде таму каде што никој не одеше одев јас, не се плашев, затоа што јас сум борец, а не кукавица. Сфатив оти сум се борел за Кирацовски да стане фактор без никаков авторитет да вработува луѓе за пари без разлика кои се и каде припаѓаат важно да исплатат, за Васко да стане директор и за сите други министри пратеници, директори да прават дебели пари да си ги полнат сметките. Јас сум истиот,чесен човек секаде сакан, децата и овде ми се одлични ученици, живеам убаво. Ама мојата цел не беше да ми биде убаво тука тука таму долу, каде се моите најблиски, пријатели, фамилија. Ме правите шпион и предавник оти ја пишувам вистината. Сте протестирале за мене кога ме притвориле…алоо,..вие на тој начин на мој грб добивте поени од анонимни станавте фактори, кои никој не ве познаваше. Ќе пишувам и понатаму колку да ве боли јас не лажам, лажете вие народот страда, го уништивте генот македонски. Знам оти ќе дојде денот кога господ ќе ви врати за тоа што вие моите сопартијци ми го направивте, што ме искористивте и фрливте. Јас никогаш не паѓам стојам цврсто, сега уште поцврсто, и знам оти ќе дојде денот кога за се ќе платите пред господ, Јас не молам, бришам туѓи газови за пари, се што заработувам е од пот и чесно. Ќе се вратам еден ден во Македонија ќе ве погледнам сите во очи, ама вас ќе ви биде срам да ме погледните оти сте луѓе кои им се важни само парите. Плашете се од божјиот суд кој најправедно суди, јас и овде и пред него ќе бидам со чист образ за разлика од вас бандо криминална. Ми се плаче кога гледам што направивте од партијата, што бевме, а што станавме. Ве поздравувам и ви кажувам тука сум ќе пишувам објавувам ајде тужејте ме не ми е страв се што пишувам е аргументирано со документи. За крај ќе ви кажам ме пониживте ама, еден е Душко Млекарот немојте да ме заборавите, ќе се појавам кога најмалку ќе ме чекате. Не да ве плашам тука да гледам како паѓате и страдате, оти кога тогаш оваа буржоарско живеење и крадење ќе заврши, пишува Илиевски во својот статус објавен на Фејсбук.