Викторија Скрипал смета дека Лондон крие нешто

Братучетката на руската државјанка Јулија Скрипал којашто заедно со нејзиниот татко Сергеј Скрипал на 4-ти март во јужниот англиски град Солсбери биле изложени на нервен агенс, верува дека „Британците имаат нешто да сокријат“, рече во изјавата во петокот за британската телевизија Sky News, откако британските власти одбија на Викторија Скрипал да ѝ дадат виза за да ги посети своите роднини.

Претходно британската радиодифузна корпорација BBC објави дека британските власти одбиле да ѝ издадат виза на Викторија Скрипал која ден претходно изјави дека разговарала телефонски со Јулија Скрипал и имала намера да ја посети.

Според агенцијата Reuters, портпаролот на министерството за надворешни работи на Велика Британија, појаснил дека одбивањето да ѝ се дозволи влезна виза поради тоа што барањето за виза за престој на Викторија Скрипал „не ги задоволувало имиграционите прописи“.

Русија ја повикува Велика Британија да ја разјасни ситуацијата со визата за роднината на семејството Скрипал, изјави за руската телевизија Россия 24, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Поаѓаме од тоа дека, барем од хуманитарна основ Британија, официјалните лица, британските дипломати да најдат сили и официјално да се произнесат за поводот за ова“, рече Захарова и истакна дека официјална Москва очекува ваков одговор.

„Според нашето мислење, треба во секој случај да се каже за одобрувањето или одбивањето да се одобри виза за Викторија Скрипал“, додаде Захарова истакнувајќи дека медиумските извештаи за одбивањето се разликуваат.

„Некои наведуваат дека визата не е издадена поради наводно (еден од британските медиуми се повикува на неименуван извор) поради тоа што од аспект на Лондон, патувањето на Скрипал го организирал Кремљ“, реченија Захарова оценувајќи дека станува збор за „апсурд“ иако потсети дека вакви изјави „веќе слушнавме стоици од Велика Британија“.

„Според вттората верзија визата не е издадена поради грешка во обработката на документите на роднината на Скрипал… Третата верзија на амбасадата на Велика Британија во Москва е дека Британија никогаш не ги коментира прашањата за издавање лични визи“, заклучи Захарова додавајќи дека ваквиот пристап на дипломатската мисија е „безобразна формулација“.

Истовремено претставника на руската амбасада во Лондон за агенцијата РИА појаснил дека изјавата на британското министерство за внатрешни работи за несоодветноста на визното барање од Викторија Скрупал со имиграционите прописи не е коректно. Според него, британската амбасада била должна да ѝ помогне на роднината на Сергеј Скрипла да ја поднесе апликацијата во соодветната форма, а не потполно да го одбие барањето за виза.

„Однесувањето на британските власти, кои ги кријат жртвите од надворешниот свет, одбиваат да соработуваат и да одговорат на прашањата, значи дека имаат нешто да сокрија“, додал неименуваниот соговорник на агенцијата.

На 4-ти март 66-годишниот Сергеј Скрипал, поранешен полковник во руското воено разузнавање ГРУ кој бил врбуван за британската тајна служба MI5 за што е осуден во Русија а потоа разменет со САД за руски државјани, и неговата 33-годишна ќерка Јулија, според британските власти биле изложени на дејство на нервен агенс. Според официјален Лондон овој воен отров бил развиван во поранешниот Советски сојуз и за нападот во Солзбери ја обвини Русија. Москва категорично ги отфрла обвинувањата и истакнува дека програма за развој на таква супстанција немало ниту во поранешниот СССР ниту во Русија.