
Кариерата на ирскиот УФЦ борач Конор Мекгрегор е сериозно загрозена откако предизвика инцидент во Њу Јорк, во кој беа повредени неколку учесници на УФЦ турнирот што се одржува викендов во Њу Јорк.
Некогашниот миленик на љубителите на боречките спортови низ целиот свет, денеска е на столбот на срамот по скандалот, кој Ирецот го предизвика од непознати причини.
По завчерашниот инцидент, новинарите вчера го снимија Ирецот како по поминатата ноќ во затворот со лисици на рацете ја напушта полициската станица во Бруклин и со придружба на полицијата е спроведен во Судот.
yoooooo… first time seeing this one. Conor has legit lost his mind. pic.twitter.com/XcLFd2FIMo
— caposa (@Grabaka_Hitman) April 5, 2018
Откако најверојатно ќе биде суспениран од УФЦ и же остане без шампионските титули, Мекгрегор се соочува и со обвинение за насилство и за физички напад, откако во автобусот во кој се превезувале борачите беа повредени неколку борачи, поради што беа откажани и неколку борби.
Мекгрегор заедно со својот тим со канти за ѓубре, столчиња и други предмети го нападнаа автобусот при влегување во зградата каде се сместени борачите.