
Германската полиција уапсила четворица терористи, од кои едниот е осомничен дека планирал со нож да ги нападне гледачите и учесниците на полумаратонот што денеска се одржа во главниот град, Берлин.
Како што објави весникот „Велт“ во своето онлајн издание, четворицата осомничени биле поврзани со тунижанецот Анис Амири, кој во декември 2016 година на божиќниот панаѓур во Берлин со камион изврши терористички напад во кој загинаа 12, а повредени беа десетици лица. Нападот требало да биде одмазда за смртта на Амири, кој беше застрлан по неколку дена во Милано.
Инаку, според организаторите, на полумаратонот во Берлин се собрале околу 36.000 учесници.
Се уште ги анализираме пронајдените докази, но уште сега може да се каже дека во последен момент спречивме напад. Уапсените беа под постојан надзор, па не постоеше директна закана, изјавија од полицијата.
Според „Велт“, полициските кучиња во станот на еден од осомничените „пронашле нешто“, а откриени се и наострени ножеви со кои главниот осомничен планирал да го изврши нападот.