
Поранешната олимписка победничка во „осмерец“, 65-годишната Германка Бригите Ахренхолц е пронајдена мртва во Големото езеро во близина на градот Вердер во германската сојузна покраина Бранденбург.
Докрот Ахренхолц беше пријавена за исчезната на 4-ти март, а потрагата којашто траеше повеќе од цел месец заврши со трагичното откривање. Причината за нејзината смрт сѐ уште не е позната, но нема индикации за насилни повреди.
Ахренхолц е поранешна веслачка којашто на Олимписките игри во Монтреал 1976 година, го освои златниот медал како членка на веслачкиот осмерец на поранешната ДР (Источна) Германија.
По завршувањето на спортската кариера Ахренхолц дипломирала на Медицинскиот факултет и работеше како хирург во една приватна болница. Сѐ до смртта беше активен член на локалниот веслачки клуб.