Фејсбук воведува нова опција

Според информации на порталот TechCrunch, во текот на наредните неколку месеци ќе биде овозможена функцијата „unsend”, иако не се познати детали како ќе функционира новата функција.

Оваа ин формација доаѓа откако беше откриено дека Фејсбук му овозможил бришење на невидените пораки на изршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг, преку Месинџер, социјалната мрежа отсега тоа ќе им го овозможи на сите корисници на апликацијата.

Портпаролот на Фејсбук  потврди дека на корисниците ќе им биде овозможено бришење на пораките по истиот принцип како што е случај кај Цукерберг.

Иницијативата може да потрае некое време. Додека функцијата не биде готова, раководителите на компанијата веќе нема да имаат можност да бришат испратени пораки. Требаше ова да го направиме порано  и жал ни е што не го сторивме тоа – изјави портпаролот на Фејсбук.

Досега корисниците на Фејсбук  ја немаа опцијата да бришат пораки кои веќе стигнале во дојдовното сандаче на други луѓе, но Марк Цукерберг и неговите соработници веќе неколку години ја користат таа опција.