
Уставниот суд на Јужноафриканската Република го одби барањето на Оскар Писториус (31) за намалување на затворската казна за убиството на својата девојка Рива Стенкамп во 2013 година. Познатиот јужноафрикански атлетичар и параолимпиец го изгуби праваото на жалби, па сега ќе мора да ја издржи затворската казна од 13 години за убиството.
На Писториус казната му беше зголемена од шест на 13 години во ноември лани, по што тој поднел жалба до Уставниот суд. Но од судот му го одбиле барањето со констатација дека жалбата не е во доменот на уставната регулатива. Неговите адвокати уште во текот на процесот сакале целата постапка да ја пренсеат во Уставниот суд, но тоа не им беше дозволено.
Писториус на 14 февруари 2013 година ја уби својата девојка Рива Стенкамп со огнено оружје низ затворена врата од бањата, затоа што, како што рече, мислел дека се работи за провалник. Стенкамп, која беше позната манекенка, е убиена со четири куршуми.
Писториус првично беше осуден за убиство од невнимание кога му беше одредена петгодишна затворска казна, но по една година помината во затвор му беше одреден домашен притвор.
Сепак, обвинителство ја обжали пресудата, па Писториус во 2016 година беше обвинет за убиство со умисла и се врати во затвор. Тогаш доби шестодипшна казна, но во ноември лани казната му беше зголемена на 13 години затвор.