Во моментов се зголемува бројот на пожарните возила пред Министерството за правда поради пожарот кој изнуван во вторникот околу 17 часот, а улицата која води кон постојката Рекорд е затворена за сообраќај.
Според неофицијални информации, огнената стихија се јавила на четврти кат во зградата, а улицата која пред зградата на министерството во строгиот центар на Скопје, е целосно затворена за сообраќај и возилата се пренасочуваат зад Собранието на Република Македонија.
Во пожарот нема човечки жртви а засега не се познати причините. Министерството најави дека подоцна во текот на денокт ќе излезе со официјални информации.
Во моментов уште едно противпожарно возило е ангажирано во помош на пожарникарите кои се обидуваат да го изгаснат огнот кој ги зафати горните катови од зградата на Министерството за правда. Откако со четири возила не успеале да го локализираат огнот, пожарникарите повикале уште едно возило со скали за полесно да можат да пристапат до местото.
Во противпожарната служба на Градот Скопје соопштија дека пожарот е пријавен во 16,45 часот и оти за неговото гаснење интервенираат седум возила и повеќе пожарникари.