Русија ќе ги соборува американските проектили во Сирија

Претставникот на Москва во Либан предупреди дека руската војска го задржува правото да ги собори ракетите и да ги уништи локациите на лансирање во случај на агресија на САД против Сирија.

„Русија ќе ја почитува изјавата на својот претседател за американската агресија против Сирија и ќе ги соборува американските проектили“, изјави амбасадорот Александар Засипкин, пренесе телевизијата Ал Манар.

Тој додаде дека локациите од кои ќе бидат испукани проектилите исто така ќе бидат нападнати.

Вашингтон се закани со „жесток одговор“ против Сирија по наводниот хемиски напад во предградието на Дамаск, Дума, во саботата.

САД брзо ја префрлија вината врз сириската влада, засновувајќи ги своите обвиненија врз непотврдени податоци и слики, меѓу кои и информации од групата за цивилна одбрана „Бели шлемови“, која е поврзана со бунтовниците, вели Раша тудеј.