Какви фаци правите, не можете ни во градинка да одите

На денешната расправа во Собранието по повод интерпелацијата на Владата на Зоран Заев, Даниела Рангелова го посочи Министерството за труд и социјална политка како едно од најпроблематичните. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, возврати на обвинувањата и нападите кои до неа ги упати пратеничката Рангелова.

Треба да си одите затоа што дозволивте три дечиња од „25 Мај“ да бидат силувани, а да не понесете лична одговорност. Како мирно ќе спиете кога им го одземавте насмевките на тие дечиња. Гледам се смеете, убаво што се појавивте, но дали се смеат дечињата што беа силувани во „25 мај“. Какви фаци правите, не можете ни во градинка да одите, а не па да бидете министер – рече Рангелова.

Царовска посочи пред аргументите и боговите молчат, а оваа влада од кога  е на власт се работи на  стратегија за хуманизација на тие институции што претходната власт ги кочела.

Да не зборувам за центрите и институциите кои под ваше раководство и под ваша палка не само што уништени туку и покрадени. „Ранка Миланова“ престана да постои како јавна установа затоа што директор, поставен од вашиот министер, доби судска пресуда за проневера од 3 милиони евра.

Според неа просечната пензија е зголемена од 13.000 денари на почетокот на минатата година, на 14.186 денари во април годинава.

Лицата под Кале, ги оставивте да гнијат под дупката. Ние уште првиот месец ги сместивме во институција која им обезбедува еден оброк дневно и кров над глава. Во Визбегово градиме привремена населба каде што тие семејства ќе се сместат, а децата се обиуваме да ги вклучиме во образование – одговори таа.