
Британската премиерка, Тереза Меј е подготвена да одобри учество на Велика Британија во воените опеерации како одговор на наводниот хемиски напад во сиријскиот град Дума, пренесува ББЦ.
Според „Дејли Телеграф“, на британските подморници им е наложено да се придвижат кон дометот за ракетен удар врз Сирија, бидејќи нападот на САД и сојузниците против режимот на башар Ал Садат се очекува во четврток вечер.
Наредбата наводно ја издала Меј, која денеска ги повикала своите министри на итен состанок околу мерките кои Британија ќе ги преземе околу Сирија.
Според Меј, таа нема да бара претходно одобрение од британскиот Парламент.
Медиумите,пак, претходно пренесоа дека Меј ја разгледува можноста за да се изведе напад врз сиријската армија, но дека сепак, би можела да побара одобрение од Парламенот
Лидерот на британската опозиција, Џереми Корбин претходно денеска изјави дека Парламентот би требало да се праша за било каква воена акција која премиерката Меј сака да ја спроведе во Сирија.