Осум камерунски спортисти „исчезнале“ од игрите на Комонвелтот

Осум камерунски спортисти исчезнаа на Игрите на Комонвелтот во Голден Коуст, Австралија.

Организаторите тврдат дека спортистите од Камерун исчезнале од хотелските соби веднаш по пристигнувањето во Австралија. Станува збор за петмина боксери и три кревачи на товар.

Надлежните служби во двете земји се известени за нивното исчезнување, а австралиските власти започнаа со потрага за да го спречат незаконскиот престој на Камерунците во земјата и да ги испратат назад во Камерун.

Овие спортисти имаат валидни визи, и за сега тие имаат право да се движат слободно, но нивното исчезнување е сериозно разбрано, изјави Дејвид Гревберг, извршениот директор на игрите.

Исчезнувањето на спортисти од сиромашните земји е вообичаено на воков вид натпревари организирани во многу побогати земји. Така, на Комонвелтските игри во 2004 година во Мелбурн исчезнаа 25 спортисти од неразвиените земји, а две години претходно во Манчестер, дури 26 натпреварувачи.