Финска ја издаде втората дозвола за изградба на Северен тек 2

Финската влада ја издала втората дозвола за изградба и експлоатација на гасоводот Северн тек 2, откако првото одобрение беше издадено на 5-ти април, објави во четвртокот компанијата оператор на прокетот „Nord Stream 2 AG“. Кон крајот на март одобрение за гасоводот издаде и Германија.

Дозволата ја издала Регоналната административна агенција на Јужна Финска во согласност со Законот за водите. Со тоа е завршен процесот на согласност за гасоводот со властите во Хелсинки, истакнува компанијата.

„Ние сме подготвени да ја продолжиме плодната соработка и отворениот дијалог во фазата на изградба и експлоатација со финските власти, кои ќе го надгледуваат извршувањето на наштите активности“, се наведува уште во соопштението на компанијата.

Гасоводот Северен тек 2 низ Финска ќе протега во должина од 374 километри. Целиот проект вклучува изградба на две линии со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри природен гас годишно. Цевководите се поставуваат од рускиот брег на Балтичкото Море до Германија, веднаш до сегашниот Северен тек.

Компанијата „Nord Stream 2 AG“во наредните месеци ги чека дозволите за изградба на гасоводот и од Русија, Шведска и Данска.

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на две траси на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од Русија во Германија преку Балтичкото Море. Трасата е идентична како и постојниот гасовод Северен тек, со кој управува компанијата „Nord Stream“.

Претходно беше планирано „Газпром“ во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Полска, Латвија и Литванија се противат на градењето на Северен тек 2 стравувајќи дека преку Германија ќе има преголем удел на рускиот гас на нејзиниот пазар и нивните челници се убедени дека станува збор за политички проект. Полска, исто така, изјави дека плановите за изградба на уште еден гасовод кој би ги поврзувал Русија и Германија, ткн Северен тек 2, не се економски мотивирани, туку имаат политички причини.

Уште неколку држави од средна и источна Европа пред повеќе од една година му пишаа протесно писмо на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, сметајќи дека овој гасовод не е во согласност со европското енергетско законодавство и стратешките цели. САД коишто имаа сериозни амбиции својот природен гас да го извезуваат во Европа, пак, овој проект го сметаа за „давање ветер в грбот“ на европската зависност од рускиот гас.

Во декември 2015-та Италија се обиде да го блокира продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија поради украинската криза и истапи противи изградбата на рускиот гасовод Северен тек-2, кој го форсира и делумно финансира Германија, откако Европската комисија со своите активности всушност предизвика Москва да се повлече од проектот Јужен тек, со кој со природен гас требаше да се снабдува и Италија. Тогашниот премиер Матео Ренци отворено ја обвини Унијата за „двојни стандарди“.

Од друга страна, пак, Германија го поддржува проектот Северен тек 2, како и австриската компанија OMV која оцени дека е овој гасовод е многу важен за европската енергетска безбедност, бидејќи алтернативното снабдување со гасот низ Украина, која е исполитизирана со затегнатите руско-украински односи и во минатото доведе до три ткн „гасни војни“ со што беа оштетени корисниците во Европа.

Според достапните информации, снабдувањето преку Северен тек во 2015 година изнесувало 39 милијарди кубни метри гас, или 70 отсто од проектираните капацитети на гасоводот.

Почетокот на функционирањето на гасоводот Северен тек -2 (Nord Stream 2 AG) е предвиден за крајот на 2019 година. Тој ќе минува по дното од Балтичкото Море од рускиот брег до брегот на Германија. Капацитетот на секоја од овие две маршрути е 27,5 милијарди кубни метри гаса годишно. Капиталните расходи за проектот се проценуваат на 8 милијарди евра, а вкупните трошоци врз основа на привлекување на финансиите за проектот се процените на 9,9 милијарди евра.