
Полицијата пронашла 653 штеки цигари во куќа во тетовското село Шипковица, информираше МВР.
Според полицијата, вчера по претходно издадена судска наредба бил извршен претрес во куќата на Ш.М. (58) во Шипковица.
При претресот, во куќата биле пронајдени 653 штеки цигари, за кои не поседувал никаков документ за нивна набавка и за кои постои сомнение дека потекнуваат од претходно извршена кражба.
Цигарите биле одземени со потврда за привремено одземени предмети, а Ш.М. бил лишен од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот, против Ш.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.