Гутереш повика во Сирија да се избегнат ситуациите кои би биле „надвор од контрола“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес повика во четвртокот „на избегнување ситуации кои би биле надвор од контрола“ во Сирија, имајќи ги предвид тензиите меѓу САД и Русија зголемену по предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека би можел да нареди ракетен напад како казна за наводниот хемиски напад во близина на Дамаск.

Гутереш побара од петте постојаните членки на Советот за безбедност при ОН да ги избегнуваат ситуациите коишто би биле надвор од контролата во Сирија, повторувајќи дека извонредно е загрижен поради големата несигурност којашто моментално владее.

Руското министерство за одбрана објави во четвртокот дека знамето на сириската држава се виори над градод Дума, каде што бил наводно изведен хемискиот напад. Со тоа владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад ја преземала контролата над целата провинција Источна Гута, последното исламистичко упориште во близина на главниот град Дамаск.

Истовремено, западните агенции кои се повикуваат на опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чиешто седиште е во Лондон, пренесуваат дека последни милитанти во градот Дума го предале своето тешко вооружување, додека новиот водач на исламистичката групација Џаиш ал-Ислам ја напуштил зоната и замионал кон северот на Сирија каде што се последните територии кои ги контролираат бунтовниците.