
Скопјанец бил каснат од кучето на соседот, вчера во зграда во скопската населба Аеродром, информираше МВР.
Инцидентот го пријавил Т.И.(48) вчера околу 10 часот во ПС Аеродром. Според него, тој бил нападнат од кучето на соседот во влез од зградата на булевар АСНОМ. Кучето го гризнало за десната рака и во пределот на брадата. На Т.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Од МВР информираат дека во неделата во центарот на Скопје глутница кучиња нападнале жена. Според Б.А. (45) од Скопје, таа околу 1.15 часот на улицата Даме Груев била нападната од група кучиња-скитници, при што едно од нив ја каснало во пределот на десната потколеница. На Б..А. и била укажана лекарска помош на Клиниката за инфективни болести при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.