Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот се состанал со своите советници за национална безбедност поради состојбата во Сирија, а „не е донесена никаква конечна одлука“, соопшти Белата куќа.
„Продолжуваме да ги проценуваме разузнавачките податоци и да разговараме со нашите партнери и сојузници“, се наведува во сооппштението во кое беше најавен разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Меј.
Трамп во четвртокот ги релативизираше своето предупредување за воен напад врз Сирија, наведувајќи дека никогаш не кажал кога нападот ќе се случи.
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис употреби многу попретпазлив тој велејќи дека Вашингтон го истражува наводниот хемиски напад.
Макрон во четвртокот изјави дека Франција „има докази“ дека сириската влада ги употребила хемиското оружје на 7-ми април во Дума, и ќе одлучи „навремено“ во договор со САД за можните напади врз Сирија.
„Имаме докази дека минатата седмица, пред десет дена, хемиско оружје е користено, барем хлор, и дека го употребил режимот на (претседателот) Башар ал-Асад“, рече Макрон.
„Ќе одлучиме во догледен рок, кога ќе оцениме дека тоа е најкорисно и најефикасно“, изјави Макрон за телевизија TF1.