Пронајден ензим што јаде пластика

Научниците случајно создадоа мутант-ензим кој ги разложува шишињата од пластични пијалаци! Пронајдокот може да помогне во решавањето на глобалната криза со загадување со пластика, овозможувајќи за првпат, целосно рециклирање на шишињата, пишува Гардијан.

Новото истражување беше поттикнато во 2016 година, со откривањето на првата бактерија која природно еволуирала јадејќи пластика од отпадоци во Јапонија. Научниците сега открија детална структура на клучните ензими произведени од бубачка.

Интернационалниот тим го изменил ензимот за да види како еволуирал, но тестовите покажале дека ненамерно ја направиле молекулата уште подобра за раскинувањето на ПЕТ (полиетилен терефталат) пластика, употребена за амбалажа за безалкохолни пијалоци.

Она што всушност се покажа е дека го подобривме ензимот, што беше малку изненадувачки”, рече професорот Џон Мек Гехен, од Универзитетот во Портсмут, Велика Британија, кој го предводеше истражувањето. „Тоа е одличен наод”.

На мутираниот ензим му се потребни неколку дена за да почне да ја уништува пластиката – далеку побрзо од вековите кои се потребни за природно разложување. Но, истражувачите се оптимисти дека ова може да се забрза уште повеќе и да стане одржлив процес од големи размери.

Околу милион пластични шишиња се продаваат секоја минута низ целиот свет, а само со 14 отсто се рециклираат, многумина завршуваат во океаните, коишто ги загадуваат дури и најоддалечените нивни делови, им штетат на морскиот живот и потенцијално, на луѓето кои јадат морска храна.