Технолошката компанија „Facebook“, сопственик на истоимената најголема социјална мрежа на светот од своите корисници во Европа и во Канада бара дозвола за употреба на технологијата за препознавање на лицето, за да може да ги идентификува на фотографиите и видео записите.
Првично Fаcebook почна да ја користи оваа нова технологија надвор од Канада во 2011 година, но следната година престана тоа да го прави на подрачјето на Европската унија, по протестите на регулаторите и кампањата за заштита на приватноста.
Овој потег веројатно ќе стане контроверзен, поради тоа што компанијата во моментов се наоѓа во фокусот на скандалот поврзан со користење на приватните информации на нивните корисници од страна на британската пиар агенција „Cambridge Analytica“ за политички кампањи.
Социјалната мрежа, исто така, се соочува и со групна тужба во САД поради користење на технологијата за препознавање на лицето без изрично согласување на корисникот.
„Биометриската идентификација и анализирањето на милијарди фотографии на платформата сериозно ги зголемува ризиците по приватноста на корисниците. Facebook сека има должност да докаже дека научил да го почитува законот, а не да докажува дека своите способности за надзор може да ги подигне на уште повисоко ниво“, вели за BBC Сили Карло, директорка на британското здружение за граѓански слободи Big Brother Watch.
Од корисниците надвор од ЕУ и Канда и следните неколку месеци ќе биде побарано да разгледат сличен сет приватни контроли, но тие и натаму ќе бидат предмет на технологијата за препознавање на ликот, освен доколку не ја исклучат опцијата.
Со оваа техноголија во Facebook веруваат дека корисниците ќе имаат уште повеќе причина да го минуваат времето на оваа социјална мрежа. Тоа ќе ѝ овозможи на оваа компанија уште повеќе реклами и воедно уште повеќе ќе научи за нивните интереси, што за возврат ќе ѝ овозможи уште повеќе во иднина да ги таргетира со рекламите.