
САД ја известиле Русија преку нејзиниот амбасадор во Вашингтон дека засега нема да воведат нови санкции против Москва, известува во средата руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на на извор во руското министерство за надворешни работи.
„Можам да потврдам дека САД ја известиле руската амбасада дека засега нема да има нови санкции“, рекол неименуваниот извро за ТАСС.
Истата информација ја објави и руската приватна независна новинска агенција Интерфакс.
Американската амбасадорка при Обединетите нации, Ники Хејли, изјави во неделата за американската телевизиска мрежа CBS дека Вашингтон подготвува нови санкции кон Русија, поради поддршката на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но неименуван функционер во вторникот за американски медиуми изјави дека тоа нема да се случи.
Весникот The Washingotn Post прв пренесе дека Трамп го стопирал планот околу дополнителни економски санкции кон Русија.
Неименуван функционер на администрацијата на САД изјави дека наметнувањето на нови санкции веднаш после ракетниот напад на чело со САД против силите на Асад, кој Русија го поддржува, би претставувале проблем во напорите на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин да постигне договор околу борбата против исламскиот екстремизам, безбедноста на интернет и другите прашања.
Според тој функционер, Трамп изразил загриженост, дека ако неговата администрација не постапува внимателно, тензиите меѓу Вашингтон и Москва би можеле опасно да ескалираат, како и дека токму поради тоа ги одложува од претходно најавените санкции.
И директорот на американскиот Национален економски совет, Лери Кудлоу, изјави за новинарите во вторникот дека амбасадорката Хејли не е запознаена со тоа дека плановите на администрацијата претседател Доналд Трамп за наметнувањето на санкциите за Русија се ставени на чекање.
Според аналитичарите, ваквата одлука е донесена најверојатно под притисок на американските воздухопловни гиганти и производители на авиони кои го користат рускиот титаниум. Агенцијата Bloomberg објави дека американските воздухопловни компании испратиле допис до Стејт департментот со молба да им се помогне да добијат продолжување на дозволите за летање во воздушниот простор на Русија со прифатливи услови, поради информациите дека Министерството за транспорт на Русија донело одлука да ги одложи преговорите за продолжување на дозволите за американските авиокомпании,
Но во средата од руското министерството за транспорт објави дека им ја потврдило на американските воздухопловни компании дозволата за прелет и оперирање во рускиот воздушен простор.