Бејта за Спасовски клучен за новата влада, но и човек кој се слушал со убијците од „Монструм“ (ВИДЕО)

Невзад Бејта, поранешниот градоначалник на општина Гостивар, од редовите на ДУИ, деновиве е актуелен во јавноста, како човек кој го има во телефонските разговори поврзани со случајот „Монструм“, според тврдењата на родителите на убиените деца. Според нив, при средба со премиерот Зоран Заев, тој им покаажал транскрипт од разговор воден помеѓу Бејта и обвинетиот Фејзи Азири.

Бејта, одби да ги коментира наводите на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро за вмешаност во убиствата. За медиумите кратко одговорил: „Надвор од државава сум, пријатно“.

Заев, иако им  покажал транскрипти од разговорите меѓу Бејта и Азири, родителите обвинуваат дека премиерот сега не сака да им ги даде поради коалициските односи во Владата.

Во медиумите беше објавен дел од разгогворот: „Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец“. Ова уште повеќе ја разбранува јавноста, со силни критики упатени кон Заев, кој прво им ветил, па ги излажал дека ќе им ги даде доказите што ги поседува за убистото на момчињата кај Смилковско езеро.

Целата игра фрла сомнежи на најавата на Заев дека вистината за случајот „Монструм“ ја има во нелегално стекнатите прислушувани разговори. А, кај јавнота се наметнува и прашањето дали Заев токму со тие снимки го уценувал Бејта, кој пак ее клучниот човек за коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.

Во периодот после изборите во декември 2016 во ДУИ се случуваше неофицијална поделба на два табори, оние кои беа за продолжување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ по т.н. правило победник со победник и втората струја која ја сочинуваа тогашните потпретседатели Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити кои се залагаа за коалиција со СДСМ.

Невзат Бејта, како што тогаш шпекулираа медиумите имал и директни средби со Зоран Заев.

За локалните избори на 15-ти октомври минатата година, СДСМ го поддржа Невзат Бејта кој се кандидираше за градоначалник на општина Гостивар.

Непосредно пред изборите, беше забележана средба на министерот за полиција Оливер Спасовски и Невзат Бејта, во хотелот „Радика“ во Маврово.